Top Sport

Лапорта и Чави не можат да се договорат околу замената на Бускетс

Чави Ернандез и Жоан Лапорта не се согласуваат околу фудбалерот кој треба да го замени капитенот Серхио Бускетс по завршувањето на сезоната. Претседателот на Барселона и тренерот имаат свој фаворит.

Каталонските медиуми истакнуваат дека Чави е експлицитен дека клубот го носи Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, додека Жоан Лапорта го сака Рубен Невес од Вулверхемптон.

Не е тајна дека Чави летово го означи 23.годишниот Зубименди како главна цел на позицијата заден играч за врска, но проблем е што неговата откупна клаузула изнесува дури 60 милиони евра, кои Барса нема да ги плати.

Затоа Жоан Лапорта смета дека 25. годишниот Рубен Невес е подобра опција. Португалецот на лето влегува во последната година од договорот, што би ги натерало Волвс да ја намалат цената.

Чави смета дека Невес не е доволно добра опција како заден играч од средниот ред во формација 4-3-3 и дека Зубименди таму би се снашол подобро.

Она што е сигурно е дека примарна замена на Бускетс останува Френки де Јонг, кој останува во клубот, но повторно ќе се соочи со конкуренцијата.

Scroll to Top