Top Sport

Лапорта: Клубот кој историски ги имал судиите на своја страна не осудува нас!

Покрај сите финансиски проблеми кои ги има Барселона и нивниот претседател Жоан Лапорта, оваа сезона ќе биде одбележана и со обвинувањата за „купување“ судии со случајот „Негреира“, со исплата на компанијата во сопственост на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на судиската организација.

Клубот постојано тврди дека немало ништо вообичаено во исплатите за „услуги“ какви што има секој голем тим, но во случајот се вклучија и УЕФА и шпанските обвинители, но и лутиот ривал Реал Мадрид, кој ќе се појави како странка во судскиот случај против нив.

По ова, во Барселона го укинаа традиционалниот ручек на двата претседатели на клубови пред „Ел класико“ последните два меча, а сега претседателот Жоан Лапорта директно го прозва ривалот од Мадрид.

„Клубот кој историски добивал услуги од судиските одлуки реши да се појави во случајот Негреира. Тоа е крајна глупост. Немаат ништо, никакви докази, бидејќи тие не постојат. Негреира не ги бираше судиите или ги одредуваше резултатите. Ќе објаснам наскоро“, вели Лапорта во видео кое беше објавено на социјаните мрежи.

Scroll to Top