Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска на „Камп Ноу“ го претстави старо-новиот играч – Дани Алвез пред повеќе од 10.000 фанови на клубот.
Лапорта му посака добредојде на Бразилецот.
„Ти благодарам што се врати“ започна претседателот на Барса.
Тој со емотивен тон започна во обраќањето кон легендата на клубот.
„Ќе го направиме тоа повторно, Дани. Ова е ден полн со емоции, исто како кога и првпат стигна во клубот. Тој (Алвес) е играч со најмногу титули во историјата. Ми рече дека сака да се врати за да му помогне на тимот кој се формира. Физички е надарен. Се сеќавам кога првпат дојде овде, рече дека кога бил мал пешачел или трчал по 20 километри за да стигне на училиште. Тој е личност која сака да се натпреварува и сето тоа ќе го пренесе на тимот“ рече Лапорта.
Првиот човек на Каталонскиот клуб ја распали имагинацијата на фановите откривајќи дека Андрес Иниеста и Лео Меси повторно може да се вратат во клубот.
„Не го исклучуваме тоа. Тоа се луѓе кои овој клуб го направија голем. Меси и Иниеста се спектакуларни, не можам да ја предвидам иднината, затоа што тие се уште играат, секогаш ги имаме на ум, иако сега имаат договори со други клубови и тоа мора да се почитува, но во животот никогаш не се знае“ заврши Жоан Лапорта.