Top Sport

Лапорта откри дека Браса го следи Рафиња и ги потврди трансферите на Кристенсен и Кеси

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, во интервју за каталонското радио, проговорил за плановите во летниот преоден рок. Тој ја отфрлил можноста, најдобриот играч во историјата на Барселона, Лионел Меси да се врати на „Ноу Камп“.

Лапорта, во интервјуто, рекол дека Барселона не е заинтересирана за Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, ги потврдил трансферите на Андреас Кристенсен и Франк Кеси и открил дека клубот внимателно го следи крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња.

„Имаме добри извештаи од нашите скаути за Рафиња. Ние имаме добра соработка со неговиот менаџер Деко. Не знам дали Адама Траоре ќе остане во клубот. Ќе се обидеме да постигнеме договор со Вулверхемптон, да им го отстапиме Тринкао во замена за Траоре. Кристенсен и Кеси од наредната сеозна ќе бидат играчи на Барселона“, рекол Лапорта.

Првиот човек на Барселона го потврдил ставот дека Усман Дембеле доколку сака да остане на „Ноу Камп“, ќе мора да ги прифати условите кои му ги постави клубот.

Scroll to Top