Во Барселона е во тек кампања пред изборите за претседател на клубот, а сегашниот лидер Џоан Лапорта сака нов мандат. Против кандидат муе Виктор Фонт. Како дел од неговата капмапњата, Лапорта откри дека пред речиси две години одбил огромна понуда за најдобриот играч на тимот, Ламин Јамал.
Лапорта истакна дека во летото 2024 година, откако Џамал блесна во дерсот на националниот тим и стана европски првак со Шпанија, Пари Сен Жермен понудил дури 250.000.000 евра за него, но Барселона одлучила да ја одбие.
„Тоа е една од одлуките на кои сум најгорд“, рече Лапорта, нагласувајќи дека клубот сакал да го задржи играчот кого многумина веќе го гледаат како наследник на Лионел Меси.
Во меѓувреме, Јамал го продолжи договорот со Барселона до 2030 година, а Лапорта тврди дека младиот фудбалер е среќен во клубот и целосно посветен на проектот на „Камп Ноу“.
Foto/ depositphotos
