Top Sport

Лапорта: Постои можност Суперлигата да стартува во 2025 година

Проектот на фудбалската Суперлига не е мртов, тврди Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона не ја исклучува можноста Суперлигата да започне во 2025 година. Услов за такво нешто е да биде донесена судска пресуда во корист на овој проект.

„Во март или април ќе имаме одлука на Европскиот суд на правдата. Ако пресудата биде поволна, мислам дека Суперлигата би можела да започне во 2025 година“, изјави Лапорта за радио станицата Канеда СЕР.

Европскиот суд на правдата треба да донесе одлука на почетокот на 2023 година во постапките против фудбалските тела УЕФА и ФИФА. Тужителите ги обвинуваат дека ги злоупотребиле своите овластувања со закани дека ќе ги исфрлат клубовите и играчите кои сакаат да се приклучат на проектот Суперлига.

Проектот Суперлига, приватно и полузатворено натпреварување, беше напуштено по само 48 часа под притисок на навивачите и закана со политички мерки.

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус продолжуваат да го поддржуваат ова натпреварување и покрај противењето на шесте главни клубови од англиската Премиер лига (Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем), кои беа меѓу првите 12 клуба, но експресно решија да се повлечат и се обврзаа дека повеќе нема да биде вклучен во проектот.

„Суперлигата ќе биде отворено натпреварување. Немаше да се вклучам во овој проект доколку натпреварувањето не е отворено“, додаде Лапорта.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој од самиот почеток го поддржува проектот за Суперлигата, во октомври 2022 година рече дека фудбалот е „болен“ и дека европската Суперлига може да го оживее.

Scroll to Top