Top Sport

Лапорта потврди дека Барселона го сакала Лаутаро Мартинез

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, откри како клубот се обидел минатото лето за да го комплетира трансферот на Лаутаро Мартинез. На крајпт Нарселона не успеа да го донесе Аргентинецот.

Во текот на летото, Барселона се обиде да најде замена за Роберт Левандовски. Клубот бараше врвен напаѓач, на крајот во клубот пристигна Бразилецот Габриел Жесус.

Прва желба беше Хулија Алварез. Преговорите со него предизвикаа огромен скандал во Шпанија, а врските со Атлетико Мадрид беа целосно прекинати.

Претседателот на каталонскиот гигант, Џоан Лапорта, открива како се обиделе да го доведат напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, во август.

„Се обидов со сè за да го доведам Лаутаро Мартинез во август“, изјави Лапорта за „Кориере дело Спорт“, додавајќи:

„Тој е врвен напаѓач, го сакавме во Барселона. Јас лично му се јавив на шефот на Интер, Марота, и тој веднаш ме прекина со зборовите – никако. Тој не беше на продажба и го почитувам тоа“, рече Лапорта.

Лаутаро остана во Интер. Тој добро влезе во новата сезона и има четири гола во пет настапи.

Аргентинскиот напаѓач е член на „нероаѕурите“ веќе деветта сезона. Тој е икона на клубот, во 381 одиграни натпревари има 179 гола и 57 асистенции.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');