По два дена откако пропадна идејата за фудбалска Суперлига, конечно стигна и реакција од ФК Барселона.
Се огласи претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта кој го прикажа своето видување на ситуацијата.
„Суперлигата е апсолутно потребна за големите клубови да го изразат својот став околу распределбата на добивките. Ги поддржуваме националните лици и ќе го продолжиме дијалогот со УЕФА. Големите клубови најмногу придонесуваат, па затоа толку треба да добијат и за возврат“ изјави Лапорта за „TV3″.
Потоа продолжи со поддршката на идејата иако 9 од 12 клуба се откажаа, а речиси и целиот свет застана против оваа идеја.
„Ние настапуваме трезвено и мудро. Суперлигата е апсолутно и повеќе од потребна, но нејзините членови на крајот ќе го имаат последниот збор. Суперлигата мора да биде атрактивно натпреварување засновано на спортските заслуги. Отворено сме за дијалог со УЕФА, мислам дека ќе се разбереме, потребни ни се повеќе ресурси за да направиме шоу. Некои клубови беа изложени на притисоци, но предлогот да се приклучат на Суперлигата се уште постои, а со самото тоа проектот и понатаму живее. Инвестициите во него се многу важни, а платите огромни и сето тоа треба да се земе во предвид“ рече Лапорта.