Дисциплинската комисија на Ла Лига изрече импресивно минимална казна од 150 евра за претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за неговото влегување во судиската соба после Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“ изминатиот викенд. Каталонците го загубија натпреварот со 3:1, а Лапорта упадна и побара објаснување од Хозе Марија Санчез Мартинез, кој го судеше натпреварот, за неговите одлуки во текот на мечот.
Барселона излезе со одговор на обвинувањата, отфрлајќи ги како неосновани.
Каталонците побараа да не бидат казнети, бидејќи посетата на Лапорта не била во „знак на протест“, туку за „да го дознае мислењето на судијата за неговите одлуки“.
Сепак, казна и изречена, иако минимална, во износ од 150 евра за однесувањето на нивниот претседател.