Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сметаше дека е потребно да се обрати до навивачите на каталонскиот гигант по елиминацијата во Лигата на шампионите по 3:0 поразот од Баерн Минхен, велејќи дека ја дели нивната болка, и објаснувајќи дека работат на засилувања, кои ќе бидат тешко реализирани во јануари.
Во видео долго само 36 секунди, Лапорта побара единство од навивачите откако Барселона првпат по 17 години не успеа да влезе во нокаут-фазата на ЛШ, а покрај тоа се на седмото место на табелата со 16 поени зад лидерите Реал Мадрид.
„Го делам вашето разочарување од Лигата на шампионите. Сите се согласуваме дека мораме да го засилиме нашиот тим. Нашиот проблем е во тоа што имаме високи наследени договори кои не ни даваат шанса да се движиме во маргините на потребните плати. Ќе бараме формула за решавање оваа зима, и работиме на тоа. Ќе успееме. Сега барам сите да одиме во иста насока за доброто на клубот. Благодарам. Виска ел Барса“, вели претседателот.
Ова обраќање доаѓа по шпекулациите во шпанските медиуми дека се подготвува поставување на тројца членови на првиот тим на трансфер листата – Френки де Јонг, Сержињо Дест и голманот Марк-Андре Тер Штеген, и тоа по барање на тренерот Чави Ернандез, кој по поразот изјави дека е потребно да се креира „нова ера“ во клубот.
Pese a las adversidades, reforzaremos el primer equipo. Ahora más que nunca, tenemos que remar en la misma dirección, por el bien del Barça. pic.twitter.com/ejKl4QYsB9
— Joan Laporta Estruch? (@JoanLaportaFCB) December 10, 2021