Њујорк сити ФЦ потврдија дека ја комплетирале продажбата на нивниот најдобар напаѓач, Валентин „Тати“ Кастејланос на Лацио за рекордни 15 милиони евра за еден МЛС клуб. Њујорк ја задржува опцијата за процент од следната продажба за 24-годишниот Аргентинец.
Кастејланос ја освои „златната копачка“ во МЛС лигата во 2021 со 19 гола, и додаде уште три при освојувањето на првиот МЛС куп на клубот.
Кастејланос во јули 2022 година беше позајмен на Џирона, за кои имаш 14 гола и 1 асистенција во 37 меча за шпанскиот клуб, а славно постигна четири гола против Реал Мадрид.
📣 @tatycaste11anos è un nuovo calciatore biancoceleste! #WelcomeTaty pic.twitter.com/VDckEkUtj3
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) July 21, 2023