Top Sport

КК Еуро Никел се распушти откако не успеа да обезбеди спонзор

КК Еуро Никел, освојувачот на три титули во Македонија и два куп-трофеи го откажа своето учество во македонската лига откако остана без главниот спонзор.

Клубот од Кавадарци, кој во минатото го носеше името КК Тиквеш, КК Орка спорт и КК Фени Индустри, остана без спонзор по повлекувањето на компанијата „Еуро Никел“, а добија и забрана за ангажирање на кошаркари од ФИБА.

„МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови“, се вели во објавата на Еуро Никел.

Фото: МКК Еуро Никел 2005

Scroll to Top