Top Sport

Лацио сака да го врати Кандрева

Лацио сака да го врати на „Олимпико“, искусниот играч за врска Антонио Кандрева од Салернитана.

Првите контакти биле направени пред еден месец, а сега преговорите се интензивирани.

Играчот сака да се врати во Рим, но на трансферот се противат челниците на Салернитана, која се бори за опстанок.

Кандрева го носеше дресот на Лацио од 2012 до 2016 година, кога се пресели во Интер. Има 36 години и договорот со Салернитана му истекува на крајот од сезоната.

Scroll to Top