Лацио e еден од клубовите во Серија А кој ќе влезе во новата сезона со нов тренер. Јасно е дека по шокантниот пораз од Лече, во последното коло, тренерот Барони си го потпиша отказното решение.
Лацио во финишот на сезона одигра лошо, а поразот од Лече го остави без настап во европските купови.
Новинарот, Џанлука ди Марцио, објави дека Маурицио Сари добил понуда да се врати на „Олимпико“.
Искусниот тренер нема работа откако го напушти Лацио каде што помина три години и каде што имаше одлични резултати, иако не успеа да освои трофеј.
Новата понуда важи две години.
Според новиот договор, тој би имал 2,8 милиони евра годишно, а од него зависи дали ќе се врати на клупата на „небесносините“.
Освен него, како можни тренери се споменуваат и Серж Консеисао и Мирослав Клозе.
Да потсетиме дека Сари го напушти Лацио од лични причини, а веќе една година е невработен и би можел да се врати на клупата на овој тим доколку го прифати договорот.