Top Sport

Лаутаро донесе победа на Интер над Лион (видео)

Новото аргентинско засилување за Интер, Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол за Интер да стигне до тесна 1:0 победа над Лион во меч од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Лече.

Интер не успеа да победи во четирите меча од пред-сезоната, но на лошиот терен во Лече успеа да извлече победа благодарение на 20-годишниот Аргентинец и трите добри одбрани на Самир Хандановиќ во првото полувреме.

Лион падна во формата во второто полувреме, а ова го искористи Мартинез со убава завршница по продорот на Далберт. Францускиот клуб го завршува настапот во ИЦЦ против Челси, додека Интер во последниот меч следната сабота играат со шампионите од Лига Европа, Атлетико Мадрид.

Scroll to Top