ПСЖ и Интер, во сабота од 21 часот, во Минхен, ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. ПСЖ се бори за првиот, а Интер за четвртиот трофеј во најсилното европско клупско натреварување.
„Големите натпревари прават големи шампиони“ – оваа изрека често се потврдува во финалето на Лигата на шампионите, каде што ѕвезди како Меси и Роналдо ги одлучуваа натпреварите.
Овој пат, прашањето е кој ќе блесне – Лаутаро Мартинез од Интер, кој постигна девет гола оваа сезона, или Усман Дембеле од ПСЖ, стрелец на осум голови во ЛШ?
И двајцата беа клучни во полуфиналето:
Мартинез, најдобриот стрелец на Интер во историјата на европските натпреварувања, го отвори спектакуларниот реванш против Барселона со гол. Дембеле им го отвори патот на колегите до финалето со својот гол во првиот натпревар против Арсенал.
Кој од овие двајца ќе биде клучен во Минхен?
За да блеснат напаѓачите ќе мора да мора да надмудрат двајца извонредни голмани.
Џанлуиџи Донарума од ПСЖ и Јан Сомер од Интер одиграа врвни натпревари цела сезона, а во полуфиналето го достигнаа врвот на својата форма.
Италијанскиот голман одлично се справи со Арсенал, спречувајќи ги ударите на Одегард и Сака, додека Швајцарецот постојано го излегуваше како победник во дуелите со младиот Ламин Јамал и ја спречи Барселона да го сврти резултатот.
Првиот голман кој беше прогласен за најдобар играч на финалето беше Оливер Кан во 2001 година во Милано.