Лаутаро Мартинез вели дека не планира да направи трансфер од Интер, опишувајќи го клубот како „негов дом“, откако оваа сезона блесна со 13 гола во 19 натпревари и тоа предизвика шпекулации дека Манчестер сити и Барселона се подготвени да го откупат.
„Не, за мене Интер е мојот дом. Тоа е нешто многу важно – навивачите секогаш се добри со мене и тоа е фантастично. Се обидувам да работам со скромност и да покажам дека вредам да го носам овој дрес. Сакам на ’нераѕурите’ да им донесам многу славја. Среќен сум со тоа што го правам и тактиката на Антонио Конте ми помогна да се адаптирам добро. Совршено работам со Лукаку, а тој е фантастично момче и надвор од теренот“, вели Мартинез во интервју за „Скај спорт Италија“.