Top Sport

Ливерпул „издоминира“ во Мерсисајд дербито (видео)

Ливерпул стигна до убедлива 5:2 победа над својот лут градски ривал Евертон во таканареченото „Мерсисајд дерби“ за да продолжи со маршот кон својата прва титула по 30 години.

„Црвените“ на Јирген Клоп имаа „пеколен“ старт, откако прво Дивок Ориги во шестата минута, а потоа и Џердан Шаќири во 17. минута стрелаа за водство од 2:0. Евертон успеа да врати рамнотежа со голот на Моисе Кин во 21. минута, но потоа следуваше уште едно гол-шоу на Ливерпул.

Ориги во 31. минута го постигна вториот гол, додека Садио Мане во 45. минута зголеми на 4:1, пред Ришарлисон во истекот на последните секунди од првото полувреме да погоди за 4:2. Во второто полувреме падна само еден гол, откако Ришарлисон во 90. минута ја потврди убедливата победа за Ливерпул, нивна 14-та во 15 кола во Премиер лигата.

Ливерпул остануваат убедливо први со 43 поени, осум повеќе од Лестер на второто место, додека актуелниот шампион Манчестер сити е трет со 32 поени.

Scroll to Top