Интер се врати на второто место на табелата во Серија А, откако со 2:0 го совлада Наполи на „Сан Сиро“ во меч од претпоследното коло во италијанскиот шампионат, меч одбележан со фантастичниот гол на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби место во стартниот тим на Џенаро Гатузо, но Наполи бргу прими гол, откако Данило Д’Амброзио се најде на вистинското место и лесно постигна гол. Наполи имаше подобар финиш на првото полувреме, а Елмас имаше импресивно пробивање, но неговиот удар помина покрај голот.
Победата на Интер ја потврди Лаутаро Мартинез во 74. минута со фантастична соло акција и импресивен гол, покажувајќи дека се враќа во форма и покрај шпекулациите за неговата иднина во дресот на „нераѕурите“.