Top Sport

Лаутаро може да урне клупски рекорд стар 73 години

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез (26) оваа година игра во фантастична форма. Тој е на добар пат да урне клупски рекорд стар 73 години.

Лаутаро оваа календарска година постигна 27 гола во Серија А, четири повеќе од Виктор Осимен, минатосезонскиот најдобар стрелец, „Капоканоние“.

Само тројца играчи на „нероазурите“ имаат постигнато повеќе првенствени голови во една календарска година од Лаутаро.

Кристијан Вијери (во 2001) и Диего Милито (во 2012) имаат по 28, а Лаутаро ќе се израмни со овиие достигнувања со следниот гол.

Интересно, Милито е сонародник и ментор на Лаутаро Мартинез, со кого ја делеше соблекувалната на почетокот на професионалната кариера во Расинг во Аргентина.

На самиот врв на листата на најдобри стрелци на Интер во првенството, во една календарска година е Унгарецот Иштван Нирс. Во далечната 1951 година, тој постигна 32 гола во една календарска година.

Никој одамна не се доближил до неговиот рекорд, а на Лаутаро му преостануваат уште пет натпревари во 2023 година за да постигне шест гола и да влезе во историјата на Интер.

Scroll to Top