Интер ги потврдија вестите на повеќе италијански медиуми, дека Лаутаро Мартинез потпишал продолжување на договорот со Интер до 2026 година, и тоа без откупна клаузула.
„Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“ тврдат дека 24-годишниот аргентински напаѓач денеска го потпишал договорот, а верноста кон клубот ја потврдил со тоа што се согласил во договорот да ја нема вообичаената откупна клаузула, која досега беше поставена на 111 милиони евра. Ова значи дека секој клуб кој е заинтересиран ќе мора да преговара со клубот за одредување на сумата за трансфер.
Лаутаро пристигна во Милано од аргентинскиот Расинг во 2018 година за 25 милиони фунти, и оттогаш има 54 гола во 144 настапи за „нераѕурите“. Тотенхем и Атлетико Мадрид се обидоа да го привлечат во текот на летото, но тој и неговиот агент постојано тврдеа дека тој сака да остане во Интер.
✍️ | RINNOVO
L'Inter e #Lautaro insieme fino al 2026 ?https://t.co/DsKLzpqu3h #Lautaro2026 pic.twitter.com/mtX0Hww2Kc
— Inter ??? (@Inter) October 28, 2021