Top Sport

Лаутаро: Секој ден зборував со Лукаку додека тој беше во Челси

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез открива дека зборувал со Ромелу Лукаку „секој ден“ додека Белгиецот беше фудбалер на Челси минатата сезона, откако повторно го вратија „Ла-Лу“ партнерството кај „нераѕурите“ во новата сезона.

Лукаку се врати на „Стемфорд Бриџ“ во рекорден договор за Челси минатото лето, за по разочарувачката сезона да се врати во Милано како позјмен играч. 29-годишниот Лукаку постигна гол на отварањето на сезоната при 2:1 победата кај Лече, за вчера да му асистира на Лаутаро за гол при 3:0 победата над Специја.

„Среќен сум што се врати бидејќи кажа дека мораме да се бориме против сите. Ќе ни помогне во оваа голема битка. Постојано бев во контакт со него и зборував секој ден со него по заминувањето. Сите сакаме да бидеме подобри, а со него во тимот, тоа е сигурно“, изјави Лаутаро по мечот.

Scroll to Top