Top Sport

Кунде исфрустриран од Барса, веќе размислува за заминување?

Новото засилување на Барселона, Жил Кунде е на чекор од заминување на клубот откако за него немаше место во составот на Чави Ернандез за вечерашниот меч против Реал Сосиедад бидејќи уште не е регистриран, тврди „Форбс“.

23-годишниот Французин дојде во Барселона пред три недели од Севилја во трансфер „тежок“ 55 милиони евра, откако во последен момент го одби договорениот трансфер во Челси. Но, поради финансиските проблеми на Барселона, тој уште не е регистриран, а во неговиот договор постои клаузула со која може да го „откаже“ трансферот.

Според „Форбс“, доколку ова се случи, Барса ќе треба да им плати на Севилја дополнителни 2.5 мииони евра, а за решавањето на проблемот има само 10 дена. Кунде досега одигра само десетина минути при 6:0 победата над Пумас УНАМ во пријателски меч.

Scroll to Top