Top Sport

Лаутаро смета дека трансфер во Арсенал е чекор назад

И покрај шпекулациите во англиските медиуми дека Арсенал се заинтересирани за Лаутаро Мартинез, луѓе блиски до аргентинскиот напаѓач на Интер тврдат дека таков трансфер е невозможен и дека тој би заминал од Италија само за трансфер во Барселона, Реал Мадрид или Атлетико Мадрид.

Според „Телеграф“, Арсенал се заинтересирани за напаѓачот и биле подготвени да дадат дури 90 милиони евра за него, но станува јасно дека Аргентинецот не сака да оди во Премиер лигата.

23-годишниот Лаутаро има договор со Интер до јуни 2023 година, а неодамна призна дека бил многу блиску до трансфер во Барселона, кој не се реализирал поради политичките превирања во каталонскиот гигант. Тој лани постигна 19 гола и имаше 11 асистенции во 48 меча за Интер.

Scroll to Top