Top Sport

Мело по поразот „удри“ по Ѓоковиќ: Вели ги сака Бразилците, па провоцира…

Новак Ѓоковиќ во вторникот на Олимпијадата во Токио забележа две победи за пласман во четврт-финалето, прво во сингл, а потоа и во мешани довјки со Нина Стојановиќ, во меч во кој неговиот бразилски ривал Марсело Мело тврдеше дека светскиот број 1 се однесувал неспортски.

Мело и Луиза Стефани загубија, а бразилскиот тенисер сметаше дека Ѓоковиќ постојано провоцирал, славел прегласно, а покрај тоа еднаш и го удри со топчето.

„Непријатно ме изненади и навистина немаше потреба за такво нешто. Пред два дена објави видео на кое зборуваше за Бразил и Бразилците, за нашата енергија и страст, а сега сео однесуваше така. Имаше смеч директно во мојот грб, а не мораше така да одигра. Јас никогаш не би направил така. Не го сфаќам тоа, не сфаќам што направивме да заслужиме такво нешто. Во еден момент за малку ќе ја погодеше Луиза. Секако, ова е Олимпијада се оди на медал, но во некои работи мора да постојат граници. Не сакам да правам контроверзи, но секој кој гледаше можеше да го заклучи истото“, вели Мело.

Ѓоковиќ немаше многу да каже.

„Мело кажува дека сум го провоцирал? Сериозно? Навистина немам никаков коментар на тоа“, порача Ѓоковиќ.

Scroll to Top