Top Sport

Лаутаро со два гола го поништи евро-голот на Окереке

Фудбалерите на Интер направија пресврт во кремона и со 2:1 го совладаа Кремонезе во 20. коло од Серија А.

Кремонезе и Интер одиграа исклучително интересен и динамичен натпревар, играчите на Интер упатија 30 удари кон голот на противникот, а мечот го обележаа двојниот стрелец Лаутаро Мартинез и напаѓачот на Кремонезе, Окереке.

Окереке го отвори натпреварот со спектакуларен гол во 11. минута.

Интер постојано се закануваше, домашниот тим во некои наврати имаше среќа… Лаутаро Мартинез израмни во 21. минута, а во 65. му донесе пресврт на својот тим.

Интер, со натпревар повеќе се искачи на второто место на табелата со 40 бодови, 10 помалку од лидерот Наполи, додека Кремонезе е на последното место, овој тим се уште нема победа во Серија А.

Scroll to Top