Top Sport

Лаутаро со нов „убавец“ за Интер за победа на гости кај Атлетико (видео)

Додека на „другиот крај“ на градот се играше традиционалниот „Трофео Бернабеу“ помеѓу Реал Мадрид и Милан, на „Ванда метрополитано“, играа другите два големи тимови од Мадрид и Милано – Атлетко и Интер.

Во меч од Интернационалниот шампионски куп (ИЦЦ), Интер стигна до победа од 1:0 благодарение на новиот гол на аргентинската надеж на „нераѕурите“ Лаутаро Мартинез, кој во 31. минута имаше едноставно прекрасен гол.

20-годишниот Лаутаро Мартинез дојде во Интер од аргентинскиот Расинг Клуб за 22.7 милиони евра и се смета за еден од најталентираните млади аргентински фудбалери.

Со победата „нераѕурите“ се израмнија на првото месот на летниот ИЦЦ турнир, со ист број на поени со Тотенхем и Борусија Дортмунд.

Scroll to Top