Top Sport

Игуаин со прекрасен гол, но Реал го совлада Милан (видео)

Реал Мадрид го совлада Милан со 3:1 во дуел на двата најтрофејни европски клубови, во чест на Сантијаго Бернабеу, легендарниот претседател на „кралскиот клуб“ во годишниот „Трофео Бернабеу“ меч во Мадрид.

Мечот имаше неверојатно отварање, откако прво Карим Бензема по само две минути игра најде начин да го совлада Џиџио Донарума по одлично нафрлање за водство на домаќините.

Гонзало Игуаин, поранешниот фудбалер на Реал и ново засилување за „росонерите“, не остана покус, кога по еден брз напад на Милан во 4. минута, постигна одличен гол од дваесетина метри – негов првенец во дресот на клубот од Милано. Човек на одлука беше Герет Бејл, кој на истекот на полувремето, најдобро се снајде пред голот на италијанскиот клуб. Конечните 3:1 за Реал беа поставени во 91. минута, кога Борха Мајорал беше најснаодлив пред голот.

Ова беше 28. пат во 37 одржувања на „Трофео Бернабеу“ титулата да остане кај домашниот клуб.

Scroll to Top