Бранителот на трофејот во Купот, тимот на Македонија ЃП, се пласира во полуфиналето откако на домашен терен го совлада составот на Академија Пандев со 1:0: Адама Самаке беше стрелец на победничкиот гол во 73.минута од дуелот.
Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска го одведе својот тим меѓу четирите најдобри екипи во куп-натпреварувањето, а потоа и позираше за „селфи“ со младото момче, навивач на домашниот тим.
Покрај Македонија ЃП, во полуфиналето на Купот се пласираа и Струга Трим Лум, Силекс и Шкендија, откако ФФМ донесе одлука за регистрација на прекинатиот меч на Чаир со службен резултат 0:3 по големиот инцидент.
Фото: Игор Паневски