Top Sport

„Лавовите“ го исфрлија Вардар од Купот на Македонија

Вардар доживеа незгоден пораз од 2:1 од Македонија Ѓорче Петров за да доживее елиминација во осминафиналето на Купот на Македонија, додека останатите фаворити без мака влегоа меѓу најдобрите осум.

„Црвено-црните“ во првиот меч одиграа само 1:1 против „лавовите“, за во реваншот тренерот Александар Васоски да реши да не ги постави во првиот тим Попов, Барсегјан и Гачевски, по што дојде до незгодниот пораз. Македонија дојде во водство во 13. минута преку една одбиена топка на која налета Кировски, но Вардар до полувремето успеа да израмни, откако во 34. минута Ибиши Џемал беше прецизен. Клучниот гол дојде во 62. минута, кога Христијан Кировски биеше неодбранливо со глава.

Академија Пандев исто така беше изненаден од аутсајдерот Брегалница, губејќи со 1:0, но во првиот меч имаше убедлива победа од 6:2 и оди понатаму. Шкендија без мака со 5:0 го совлада амбициознио Кит Го Пејчево, Победа со 4:1 го декласираше Гостивар, а Беласица со 3:1 вторпат го победи Пелистер.

Ждрепката за четврт-финалето на Купот ќе се одржи в петок.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/8 ФИНАЛЕ

Академија Пандев – Брегалница 0:1, прв натпревар 6:2, вкупно 7:3

Беласица – Пелистер 3:1, прв натпревар 2:0 , вкупно 5:1

Кит Го Пехчево – Шкендија 0:5, прв натпревар 0:2, вкупно 0:7

Македонија ЃП – Вардар 2:1, прв натпревар 1:1, вкупно 3:2

Победа – Гостивар 4:1, прв натпревар 2:1, вкупно 6:1

Работнички – Тиквеш 1:1, прв натпревар 1:0, вкупно 2:1

Силекс – Скопје 2:1, прв натпревар 2:0, вкупно 4:1

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top