Македонија ЃП го одбрани пехарот во Купот, откако после изведување пенали ја победи Струга ТЛ со 2:0. Звучи неверојатно, но новите шампиони не реализираа ниту еден удар во пенал-серијата, а тоа фудбалерите на Горан Симов знаеја да го искористат и стигнаа до трофејот.
Во регуларниот тек, мечот заврши 1:1, а по продолженијата немаше промени, па се изведуваа пенали. „Лавовите“ беа поумешни и на крајот заслужено се радуваа.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк