Алесандро Палацоло, 48-годишен Италијанец е под истрага на полицијата откако се преправал дека е Андреа Пирло за да добива бесплатна облека, а измамата е откриена откако тренерот на Јувентус добил сметка за една трансакција.
Според „Стампа“, Палацоло се спријателил со сопственици на бутици од Торино, Наполи и Бреша преку телефон претставувајќи се дека е 41-годишниот тренер на Јувентус, и дел од компаниите паднале на „финтата“. Според весникот, Палацоло се обидел да се претставува како Пирло уште пред две години кога сакал да добие бесплатен скап часовник.
Меѓутоа, оваа тактика работела кај некои продавници во Наполи и Бреша, откако човекот ја пратил својата девојка, наводна асистентка на Пирло да ги собере алиштата. Според „Стампа“, човекот одел дотаму што на забави во Италија се претставувал како брат на Пирло.