Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, во петокот бил примен во болница поради внатрешно крварење, а по направените прегледи, неколку часа подоцна тој ја напуштил болницата.
Поранешниот фудбалер на Наполи и Барселона и светски првак со Аргентина, работи како тренер во мексиканскиот тим Дорадос.
Веста дека поради внатрешно крварење, Марадона бил хоспитализиран, одекна како „гром од ведеро небо“ во фудбалскиот свет. Дека „Ел Пибе“ е во ред потврдила и неговата ќерка Далма.
A todos los que realmente estan preocupados por mi papá les cuento que está bien, que Giani está ahí con él y que en un rato se va para su casa! Les publicaría la foto que me mandaron pero no es mi estilo publicar todo! ?
— Dalma Maradona (@dalmaradona) January 4, 2019
58-годишниот Марадона не дал ниту една изјава по напуштањето на болницата, а извесно е дека викендов нема да го предводи Дорадос, на првиот меч во новата сезона.