Арсенал стигна до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во првото коло од Лига Европа, додека Лацио по поразот во Серија А од СПАЛ доживеа уште еден „кикс“ губејќи со 2:1 на гостувањето кај ЦФР Клуж во Романија.
„Топчиите“ дојдоа во водство преку одбиениот удар на Џо Вилкок во 38. минута од мечот, а откако Ајнтрахт останаа со играч помалку по вториот жолт картон на Доминик Хор во 79. минута, успеаја уште двапати да ја затресат мрежата на домаќините – Букајо Сака во 85. минута и Пјер-Емерик Обамејанг во 88. минута.
Жалењето на Симоне Инзаги дека нивната група во Лига Европа наликува на група од Лигата на шампионите се оствари со незгоден пораз од 2:1 од Клуж, иако „лацијалите“ дојдоа во водство преку Бастос во 25. минута. Деач од пенал израмни на 1:1 пред крајот на полувремето, пред Омрани во 75. минута да ги постави конечните 2:1.
Севилја стигна до убедлива 3:0 победа на гости кај Карабаг со головите на Чичарито, Ел Хадади и Торес, додека Хетафе со 1:0 го победи Трабзонспор.
ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
АПОЕЛ – Дуделанж 3:4
Карабаг – Севилја 0:3
ГРУПА Б
Динамо Киев – Малме 1:0
Копенхаген – Лугано 1:0
ГРУПА Ц
Базел – Краснодар 5:0
Хетафе – Трабзонспор 1:0
ГРУПА Д
ЛАСК Линц – Розенборг 1:0
ПСВ Ајндховен – Спортинг Лисабон 3:2
ГРУПА Е
ЦФР Клуж – Лацио 2:1
Рен – Селтик 1:1
ГРУПА Ф
Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал 0:3
Стандард Лиеж – Гимараеш 2:0
АЈНТРАХТ – АРСЕНАЛ
ЦФР КЛУЖ – ЛАЦИО
КАРАБАГ – СЕВИЛЈА
ПСВ АЈНДХОВЕН – СПОРТИНГ
ДИНАМО КИЕВ – МАЛМЕ