Top Sport

ЛЕ: Барди загуби од Црвена Звезда, Роналдо даде гол за Манчестер Јунајтед

Српскиот првак Црвена Звезда го победи Трабзонспор со 2:1 на домашен терен и ги задржа шансите за да обезбеди нокаут фаза во Лига Европа. Во последното коло ќе му гостува на Монако, кој ремизираше 1:1 на гости против Ференцварош.

Катаи донесе предност за Црвена Звезда, но само две минути подоцна израмни Бакасетас. Александар Пешиќ го постигна победничкиот гол за „црвено-белите“.

Манчестер Јунајтед го победи Шериф Тираспол со 3:0, а во листата на стрелците се запиша и Кристијано Роналдо. Првиот гол беше дело на Дало, а потоа погоди и Рашфорд.

Сепак, во групата Е победи и Реал Сосиедад кој го задржа максималниот ефект. Шпанскиот тим славеше со 0:2 на гости против Омонија со головите на Наваро и Карибакуру.

Рома се врати во игра откако победи против Хелсинки на гости со 1:2. Ејбрахам обезбеди водство, Хелсинки израмни преку Хетемај, но потоа Хосконен си постигна автогол во 62.минута.

Фрајбург и Олимпијакос ремизираа 1:1, а Нант во финишот го победи Карабах со 2:1.

Штурм во последните мигови дојде до победа од 1:0 против Феенорд.

Scroll to Top