Top Sport

ЛЕ: Барнли го доби првиот европски двомеч по 51 година дури по продолженијата (видео)

Првиот пласман на Барнли во европските купови по пауза од 51 година за малку ќе завршеше експресно, откако на премиерлигашот му беа потребни продолженија да стигне до 3:1 победа над шкотскиот Абердин.

Барнли, тимот кој беше вистинско изнендување во Премиер лигата минатата сезона, домашниот меч го почна со 1:1 по гостувањето во Шкотска, и домашните фанови се порадуваа дека бргу ќе го обезбедат пласманот кога во шестата минута, Крис Вуд им донесе водство од 1:0.

Меѓутоа, шкотскиот клуб се врати и со фантастичниот гол со ножички на Луис Фергусон во 27. минута израмни на 1:1, по што до крајот на мечот, Англичаните не успеаја да стигнат до предност. Човек на одлука беше Џек Корк, кој во 102. минута го постигна победничкиот гол, по што во 119. минута, Барнс преку пенал го обезбеди патот во наредното коло, каде што ги чека Башакшехир од Истанбул.

Повеќе среќа имаше другиот шкотски претставник, гигантот Ренџерс, кој иако одигра 1:1 со Осиек, оди понатаму. Тимот на Стивен Џерард, кој во првото коло го елиминираше македонскиот претставник Шкупи, поведе во 53. минута, иронично преку својот хрватски напаѓач Никола Катиќ, пред гостите да израмнат на 1:1 во 89. преку Баришиќ.

Ренџерс сега, повторно ги чека претставник од поранешна Југославија, бидејќи сега играат со словенечкиот Марибор.

 ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Домжале (Сло) – Уфа (Рус) 1:1, прв натпревар 0:0, вкупно 1:1 – Уфа оди понатаму поради гол во гости

ФЦСБ (Ром) – Рудар (Сло) 4:0, прв натпревар 2:0, вкупно 6:0

АЗ Алкмар (Хол) – Алмати (Каз) 2:1, прв натпревар 0:2, вкупно 2:3

Бордо (Фра) – Вентспилс (Лет) 2:1, прв натпревар 1:0, вкупно 3:1

Барнли (Енг) – Абердин (Шко) 3:1 по продолженија, прв натпревар 1:1, вкупно 4:2

Дрита (Кос) – Дуделанж (Лук) 1:1, прв натпревар 1:2, вкупно 2:3

Ла Фиорита (СМа) – Спартакс (Лет) 0:3, прв натпревар 0:6, вкупно 0:9

Лех (Пол) – Солигорск (Блр) 3:1 по продолженија, прв натпревар 1:1, вкупно 4:2

Ренџерс (Шко) – Осиек (Хрв) 1:1, прв натпревар 1:0, вкупно 2:1

Сарпсборг (Нор) – Санкт Гален (Шва) 1:0, прв натпревар 1:2, вкупно 2:2 – Сарпсборг оди понатаму поради гол во гости

Крусејдерс (СИр) – Олимпија Љубљана (Сло) 1:1, прв натпревар 1:5, вкупно 2:7

Раднички Ниш (Срб) – Макаби Тел Авив (Изр) 2:2, прв натпревар 0:2, вкупно 2:4

Рио Аве (Пор) – Јагиелонија (Пол) 4:4, прв натпревар 0:1, вкупно 4:5

Ујпешт (Унг) – Севилја (Шпа) 0:3, прв натпревар 0:4, вкупно 0:7

Хафнарфјордур (Исл) – Хапоел Хаифа (Изр) 0:1, прв натпревар 1:1, вкупно 1:2




Scroll to Top