Top Sport

ЛЕ: Челси и Наполи си направија удобна предност (видео)

Наполи, Челси и Валенсија обезбедија домашна предност по првите осминафинални мечеви од Лига Европа, останувајќи во игра во второто по квалитет натпреварување на УЕФА.

На „Стемфорд бриџ“, Челси против Динамо Киев обезбеди 3:0 победа, откако прво рано дојде во водство преку Педро во 17. минута, за во 65. минута, Вилијан да зголеми на 2:0, пред Калам Хадсон-Одои во последните минути да ги постави конечните 3:0.

Наполи, пак, уште полесно го совлада австрискиот шампион Салцбург со 3:0. Аркадијуш Милик и Фабијан Руиз постигнаа голови во само осум минути во првото полувреме (10. и 18. минута), за во 58. минута гостите да си постигнат автогол.

„Најтесно“ беше на „Месталја“, каде што Валенсија прво дојде до 2:0 водство против Краснодар благодарение на двата гола на Родриго, пред Виктор Клаесон да им даде надеж на гостите со гол во 63. минута.

ЛИГА ЕВРОПА, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Челси – Динамо Киев 3:0

Наполи – Салцбург 3:0

Валенсија – Краснодар 2:1

Фото: ЕПА

Scroll to Top