Top Sport

ЛЕ: Динамо ја победи Бенфика, Интер утна пенал во Франкфурт (видео)

Европската „бајка“ на Динамо Загреб продолжува, откако хрватскиот шампион успеа да го победи португалскиот гигант Бенфика со 1:0 во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа пред преполните трибини на „Максимир“.

Марцело Брозовиќ утна пенал во Франкфурт за Ајнтрахт и Интер да одиграат без голови, Арсенал го заврши мечот со пораз и со 10 играчи во Рен (3:1), додека Севилја и Славија Прага одиграа трилер-меч кој заврши 2:2.

Моментот на одлука во Загреб беше во 38. минута, кога беше досуден пенал, кој Бруно Петковиќ лесно го смести во мрежата на гостите од Лисабон.

Во Германија пак, Интер пропушти клучна шанса да стигне до победа на гости, откако Кевин Трап во 22. минута му го одбрани ударот на Брозовиќ од белата точка, така што „нераѕурите“ ќе треба да бркаат пласман на домашен терен.

Во Франција, Арсенал стигна до брзо водство преку Ивоби уште во четвртата минута, но мечот се смени по вториот жолт картон на Сократис, по што Рен прво успеа да израмни во 42. минута, а потоа во второто полувреме Монреал си постигна автогол во 65. минута. Исмаила Сар во финишот на мечот ги зголеми маките на „топчиите“.

Севилја двапати поведуваше против Славија Прага, а гостите двапати израмнуваа во интересното прво полувреме на „Санчес Писхуан“, додека Вилјареал успеа да стигне до клучна 3:1 победа на гостувањето кај Зенит.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Динамо Загреб – Бенфика 1:0

Ајнтрахт Франкфурт – Интер 0:0

Рен – Арсенал 3:1

Севилја – Славија Прага 2:2

Зенит Санкт Петербург – Вилјареал 1:3

Челси – Динамо Киев 21.00 ч.

Наполи – Салцбург 21.00 ч.

Валенсија – Краснодар 21.00 ч.

Фото: ЕПА

Scroll to Top