Лестер со 3:1 го совлада полскиот шампион Легија Варшава, за да ги заддржи шансите за пласман во нокаут фазата на Лига Европа, закажувајќи одлучувачки дуел со италијанскиот Наполи во последното коло. Во исто време, француските Монако и Лион забележаа победи со кои се сигурни патници во 1/16 финалето.
Патсон Дака во 11. минута го отвори резултатот за да ја продолжи голгетерската серија на „Кинг Пауер“, пред Џејмс Медисон десет минути подоцна да зголеми на 2:0. Легија се врати во игра во 26. минута, кога по промашениот пенал на Емрели, Младеновиќ ја смести топката во голот, но тимот на Брендан Роџерс се врати преку Вилфрид Ндиди во 33. минута.
Лион се врати од рана негатива за 3:1 победа во Данска над Брондби за петта победа во пет кола оваа сезона, додека Монако со 2:1 го победи Реал Сосиедад за прво место во групата Б.
ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО
ГРУПА А
Брондби – Лион 1:3
Ренџерс – Спарта Прага 2:0
ГРУПА Б
Монако – Реал Сосиедад 2:1
ПСВ Ајндховен – Штурм Грац 2:0
ГРУПА Ц
Лестер – Легија Варшава 3:1
ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт – Антверпен 2:2
Олимпијакос – Фенербахче 1:0