Top Sport

ЛЕ: Хајдук, Партизан и Зрињски одат понатаму (видео)

Хајдук Сплит, Партизан и Зрињски од Мостар се пласираа во третото квалификациско коло во Лига Европа по реванш-дуелите на гости.

Хајдук, кој отпатува во Софија за дуел со Славија со минимална предност од 1:0 од првиот меч во Сплит, во интересен меч со пресврти дојде до 3:2 победа. Хајдук поведе во 24. минута преку Станко Јуриќ, но пред крајот на полувремето домаќините израмнија откако Цакташ направи фаул во шестнаесетникот, а Галин Иванов беше сигурен од белата точка.

Меѓутоа, Цакташ се „оправда“ за фаулот, кога во 56. минута, исто така од пенал го врати водството за Хајдук, пред младиот Георги Јомов да израмни на 2:2 во 70. минута. Цакташ ги постави конечните 2:3 во 87. минута за Хајдук да го очекува подобриот од дуелот меѓу словенечкиот Рудар и романскиот гигант ФЦСБ (поранешна Стеауа).

Партизан пак, одигра 1:1 на гостувањето кај Тракаи во Литванија, што беше доволно за пласман понатаму по 1:0 победата во Белград. Домаќините дојдоа бргу во водство во 9. минута преку Осипов, но „црно-белите“ се вратија во игра преку Немања Милетиќ во финишот на полувремето. За Партизан следува нордиска пресметка – или со шведскиот АИК или со данскиот Нордсјеланд.

Босанскохерцеговскиот шампион Зрињски, се оправда за изненадувачките 1:1 дома со Ла Валета од Малта, за да победи со 2:1 на гостувањето за пласман во третото коло, каде што уште немаат противник.

ЛИГА ЕВРОПА, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Алашкерт (Ерм) – Сутјеска (ЦГо) 0:0, прв меч 1:0, вкупно 1:0

Лачи (Алб) – Молде (Нор) 0:2, прв меч 0:3, вкупно 0:5

АЕК Ларнака (Кип) – Дандалк (Ирс) 4:0, прв меч 0:0, вкупно 4:0

Тренчин (Свк) – Горник З. (Пол) 4:1, прв меч 1:0, вкупно 5:1

Динамо Минск (Блр) – Дунајска Стреда (Свк) 4:1, прв меч 3:1, вкупно 7:2

Флора (Ест) – АПОЕЛ (Кип) 2:0 , прв меч 0:5, вкупно 2:5

Славија Софија (Буг) – Хајдук (Хрв) 2:3, прв меч 0:1, вкупно 2:4

Тракаи (Лит) – Партизан (Срб) 1:1, прв меч 0:1, вкупно 1:2

Валета (Мал) – Зрињски Мостар (БиХ) 1:2, прв меч 1:1, вкупно 2:3

Scroll to Top