Откако Шкупи успеа да пропушти предност од 3:1 за 3:3 реми со ерменскиот Пјуник, вториот македонски претставник во квалификациите за Лига Европа, Македонија Ѓорче Петров доживеа 3:1 пораз во Ерменија од Алашкерт.

Рускиот напаѓач Никита Танков ги донесе домаќините во водство со прекрасен гол од дваесетина метри во 16. минута од мечот и ова беше резултат со кој се отиде на полувреме.

Македонија успеа да израмни во 52. минута со гол со глава на Ален Јашаровски, меѓутоа Алашкерт повторно дојде во водство во 66. минута, кога Србинот Данило Секулиќ со удар со глава го матираше Јовановски. Во 82. минута, Бразилецот Бианор си постигна автогол за конечни 3:1 за ерменскиот клуб.

Фото: ФК Алашкерт