Top Sport

ЛЕ: „Малиот“ Хаџи стана херој на Ренџерс, победи за Арсенал и Рома (видео)

Фаворитите Рома и Арсенал имаа минимални победи во своите први мечеви од 1/16 финалето на Лига Европа, Вулверхемптон го прегази очајниот Еспањол, додека Глазгов Ренџерс во најинтересниот меч од негатива 0:2, стигна до 3:2 победа над Брага.

Рома на „Олимпико“ уште во 13. минута стигна до водство против белгискиот Гент, откако Един Џеко му асистираше на Карлес Перез, но потоа не успеаја да го зголемат водството против незгодниот противник.

Арсенал на Микел Артета пак, го чека помирен реванш, откако на „жешкото“ гостување кај Олимпијакос стигна до победа благодарение на Александер Лаказет, кој во 81. минута беше прецизен за 1:0 победа.

На „Ајброкс“ пак, беше одигран најинтересниот меч, откако Глазгов Ренџерс губеа со 0:2 по еден час игра од Брага, за на крајот да стигнат до 3:2 победа благодарение на синот на романската фудбалска легенда Георге Хаџи, Јанис, кој постигна два гола.

Тој инаку е во Шкотска како позајмен фудбалер од белгискиот Генк, а на трибините беше и неговиот славен татко кој со солзи во очите го проследи европското деби на неговиот син.

Вулверхемптон пак, го зголеми очајот на последнопласираниот тим во Шпанија, Еспањол, стигнувајќи до убедлива 4:0 победа на „Молињу“.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

АЗ Алкмар (Хол) – ЛАСК Линц (Авт) 1:1

АПОЕЛ (Кип) – Базел (Шва) 0:3

Рома (Ита) – Гент (Бел) 1:0

Баер Леверкузен (Гер) – Порто (Пор) 2:1

Олимпијакос (Грц) – Арсенал (Анг) 0:1

Ренџерс (Шко) – Брага (Пор) 3:2

Волфсбург (Гер) – Малме (Шве) 2:1

Вулверхемптон (Анг) – Еспањол (Шпа) 4:0

РЕНЏЕРС – БРАГА

ОЛИМПИЈАКОС – АРСЕНАЛ

РОМА – ГЕНТ

ВУЛВЕРХЕМПТОН – ЕСПАЊОЛ

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПОРТО

Scroll to Top