Top Sport

ЛЕ: Партизан победи за децата на трибините, Вулверхемптон го доби Торино (видео)

Партизан стигна до 2:1 победа над Молде во првиот бараж-меч против норвешкиот Молде, триумф со кој може да се надеваат на влез во натпреварите по групи, и победа која е многу важна за неколкуте илјади деца на стадионот.

Партизан има казна од два меча играње зад затворени врати, а според правилата на УЕФА ова значи дека меѓу публиката може да има само деца до 15 години. Гостите поведоа преку Боли во 44. минута, но „црно-белите“ веднаш вратија преку Сума, пред Зоран Тошиќ да обезбеди победа во 84. минута од мечот.

Во можеби најинтересниот дуел, Торино го пречека премиерлигашот Вулверхемптон во меч со пет гола, по кој на крај сепак победија гостите.

Хрватскиот претставник Риека пак, пропушти водство од 1:0 и загуби со 2:1 од Гент на гостувањето во Белгија. Гент беше апсолутен фаворит во овој дуел, но Риека беше таа која прва дојде во водство во 40. минута преку Халиловиќ. Сепак, фаворитите го направија своето – прво во 57. минута израмнија преку Депотр, а потоа во 71. минута истиот фудбалер ги постави конечните 2:1.

Во „балканското“ дерби, бугарскиот шампион Лудогорец одигра само 0:0 со словенечкиот Марибор, Феенорд и ПСВ Ајндховен имаа лесни победи од по 3:0, додека Еспањол со 3:1 ја победи Зорја.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, 1.НАТПРЕВАР

Астана (Каз) – БАТЕ Борисов (Блр) 3:0

Арарат (Ерм) – Дуделанж (Лук) 2:1

Малме (Шве) – Бнеи Јехуда (Изр) 3:0

Судува (Лит) – Ференцварош (Унг) 0:0

Феенорд (Хол) – Хапоел Бер Шева (Изр) 3:0

Лудогорец (Буг ) – Марибор (Сло) 0:0

Копенхаген (Дан) – Рига (Лет) 3:1

АЕК Атина (Грц) – Трабзонспор (Тур) 1:3

Легија (Пол) – Глазгов Ренџерс (Шко) 0:0

АЗ Алкмар (Хол) – Антверпен (Бел) 1:1

ФЦСБ (Ром) – Гимараеш (Пор) 0:0

Гент (Бел) – Риека (Хрв) 2:1

ПСВ Ајндховен (Хол) – Аполон (Кип) 3:0

Стразбур (Фра) – Ајнтрахт Франкфурт (Гер) 1:0

Брага (Пор) – Спартак Москва (Рус) 1:0

Селтик (Шко) – АИК Стокхолм (Шве) 2:0

Линфилд (СИр) – Карабаг (Азе) 3:2

Еспањол (Шпа) – Зорја (Укр) 3:1

Партизан (Срб) – Молде (Нор) 2:1

Слован Братислава (Свк) – ПАОК (Грц) 1:0

Торино (Ита) – Вулверхемптон (Анг) 2:3

Scroll to Top