Top Sport

ЛЕ: Пенал-лудница во Португалија – Милан се „протна“ по 12 серии од белата точка!

Седумкратниот европски шампион и поранешен гигант на европските натпреварувања, Милан со судни маки успеа да влезе во групната фаза на Лига Европа, откако на гостувањето кај Рио Аве во еден луд меч победи по 12 пенал серии , откако по 90 минути беше 1:1, а по 120 минути 2:2.

Алексис Салемекерс ги донесе Милан во водство во 51. минута, меѓутоа во 72. минута Жералдес израмни на 1:1. Само што почна продолжението, Желсон стрелаше за 2:1, пред во драматична завршница да биде досуден пенал за Милан, кој Хакан Чалханоглу го претвори во гол за 2:2 и пенали.

Тогаш почна вистинската драма – првите седум изведувачи на пенали на двата тима беа прецизни, пред нервите да го направат своето. Лоренцо Коломбо, Исмаел Бенасер и голманот Џанлуиџи Донарума утнаа пенали за Милан, меѓутоа, клучна беше деконцентрацијата кај домаќините, кои промашија неверојатни три пенали во низа, за да бидат исфрлени во неверојатен меч.

Тотенхем на Жозе Мурињо немаше ваков проблем, откако со 7:2 го „здроби“ израелскиот претставник Макаби Хаифа – Хери Кејн постигна хет-трик, Џовани Ло Селсо додаде два гола, а стрелци беа и Лукас Моура и Деле Али.

Глазгов Ренџерс со 2:1 го исфрлија Галатасарај, додека Спортинг Лисабон доживеа домашна катастрофа против австрискиот ЛАСК, губејќи со 1:4.

ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ

Базел (Шва) – ЦСКА Софија (Буг) 1:3

Дандалк (Ирс) – Клаксвик (Фар) 3:1

Јанг Бојс (Шва) – Тирана (Алб) 3:0

АЕК (Грц) – Волфсбург (Гер) 2:1

Ренџерс (Шко) – Галатасарај (Тур) 2:1

Рио Аве (Пор) – Милан (Ита) 1:1, 2:2 по продолженија, 8:9 пенали

Спортинг Лисабон (Пор) – ЛАСК Линц (Авт) 1:4

Тотенхем (Анг) – Макаби Хаифа (Изр) 7:2

Scroll to Top