Top Sport

ЛЕ: Така е кога нема ВАР – Франкфурт ја елиминираше Бенфика со гол од офсајд (видео)

Ајнтрахт Франкфурт успеа да се пласира во полуфиналето на Лига Европа во најконтроверзниот меч на вечерта, откако со 2:0 ја совлада Бенфика и ја елиминираше предноста од 4:2 на португалскиот клуб од првиот меч. Единствен проблем беше, што првиот гол беше постигнат од неверојатно очигледен офсајд.

Челси и Славија Прага одиграа меч со неверојатни седум гола, за „сините“ да победат со 4:3 и да бидат противници на Ајнтрахт во полуфиналето, Арсенал победи и на гости кај Наполи, додека Валенсија со сигурни 2:0 против Вилјареал се пласираше во полуфиналето.

Бундеслигашот дојде во водство во 37. минута откако прво Гачиновиќ го погоди дирекот од удар од шестнаесетина метри, а Филип Костиќ ја смести топката во голот. Ова мораше да биде поништено поради апсолутно чистата офсајд ситуација, меѓутоа бидејќи во Лига Европа не се користи ВАР, се остана на проценката на италијанскиот судија Даниеле Орсато. Тој исто така му даде црвен картон на тренерот на гостите, Бруно Лаже.

Патот кон полуфиналето на Ајнтрахт им го отвори Себастијан Роде, откако во 67. минута постигна убав гол со удар од далеку.

Челси имаше фуриозен старт на „Стемфорд бриџ“ со три гола во првите 17 минути од мечот против Славија Прага и 4:1 на полувреме, но на крајот мораше да внимава откако чешкиот клуб се врати за 4:3 во меч со многу голови.

Арсенал пак, по вторпат го победи Наполи, овојпат на „Сан Паоло“, откако Александер Лаказет постигна убав гол од слободен удар за минимален 1:0 триумф. Нивни противник во полуфиналето ќе биде Валенсија, кои со 2:0 вторпат го победија Вилјареал во шпанската пресметка.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 2.НАТПРЕВАР

Челси – Славија Прага 4:3, прв натпревар 1:0, вкупно 5:3

Ајнтрахт Франкфурт – Бенфика 2:0, прв натпревар 2:4, вкупно 4:4, Ајнтрахт оди понатаму поради „гол на гости“

Наполи – Арсенал 0:1, прв натпревар 0:2, вкупно 0:3

Валенсија – Вилјареал 2:0, прв натпревар 3:1, вкупно 5:1

ПОЛУФИНАЛЕ

Челси – Ајнтрахт Франкфурт

Арсенал – Валенсија

Scroll to Top