Top Sport

ЛЕ: Вилијан донесе победа за Челси во Солун, Севилја го здроби Лиеж (видео)

Враќањето на Челси во Лига Европа првпат од 2013 година помина според очекувањата, откако на тешкото гостување во Солун, голот на Вилијан на стартот на мечот беше доволен за победа од 1:0.

Тимот на Маурицио Сари истрча со силен состав на „Тумба“, и Вилијам уште во шестата минута доби фантастична топка од Рос Баркли за да обезбеди победа на „сините“.

Петкратните шампиони од Лига Европа/Купот на УЕФА, Севилја имаа импресивен старт на овогодишното натпреварување, откако со 5:1 го „здробија“ Стандард Лиеж благодарение на двата гола на Банега и двата на Бен Једер.

Лацио пак, потешко од очекувањата, стигна до 2:1 победа над Аполон од Кипар со головите на Алберто и Имобиле (вториот од пенал), додека во истата група Х, Ајнтрахт Франкфурт и покрај тоа што играше со 10 фудбалери во 89. минута со голот на Јовиќ стигна до 2:1 победа на гостувањето кај Марсеј.

Интересно беше и во Вилјареал, каде што тимот на Стивен Џерард, Ренџерс двапати се враќаше од гол негатива за 2:2 реми.

Фото: ЕПА

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО

ГРУПА Г

Рапид Виена (Авт) – Спартак Москва (Рус) 2:0

Вилјареал (Шпа) – Ренџерс (Шко) 2:2

ГРУПА Х

Лацио (Ита) – Аполон (Кип) 2:1

Марсеј (Фра) – Ајнтрахт Франкфурт (Гер) 1:2

ГРУПА И

Бешикташ (Тур) – Сарпсборг 08 (Нор) 3:1

Генк (Бел) – Малме (Шве) 2:0

ГРУПА Ј

Акхисар (Тур) – Краснодар (Рус) 0:1

Севилја (Шпа) – Стандард Лиеж (Бел) 5:1

ГРУПА К

Динамо Киев (Укр) – Астана 2:2

Рен (Фра) – Јаблонец (Чеш) 2:1

ГРУПА Л

МОЛ Види (Унг) – БАТЕ Борисов (Блр) 0:2

ПАОК (Грц) – Челси (Анг) 0:1

Scroll to Top