Милан одигра само 1:1 на гостувањето кај францускиот Лил, за да ја продолжи неизвесноста во групата Х во Лига Европа, каде што Спарта Прага го „демонтираше“ Селтик со 4:1.
Саму Кастилехо ги донесе „росонерите“ во водство во 46. минута, но Бамба во 65. минута со голот осигура Лил да остане на првото место на табелата со 8 поени, пред Милан со 7 и Спарта со 6 за неизвесни две последни кола во натпреварувањето.
Црвена звезда пак, е на чекорот од обезбедување на нокаут фазата, откако вторпат го победи белгискиот Гент, овојпат на гости со 2:0 со головите на Петровиќ и Милуновиќ. Хофенхајм има четири победи во четири меча, откако со 2:0 го победи Либерец, но Звезда е на второто место со 9 поени. Динамо Загреб исто така е на добар пат да обезбеди европска пролет по 3:0 победата на гости кај австрискиот Волфсбергер, за да се на првото место во групата Х со 8 поени, пред Феенорд со 5 и Волфсбергер со 4.
Во нокаут фазата сигурно се Арсенал, за кои контроверзниот Пепе се врати со гол за да помогне при 3:0 победата на гости кај Молде, нивна четврта победа во четири меча.
ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1
ГРУПА Б
Молде – Арсенал 0:2
ГРУПА Г
АЕК – Зорја Луханск 0:3
Брага – Лестер 3:3
ГРУПА Х
Лил – Милан 1:1
Спарта Прага – Селтик 4:1
ГРУПА И
Макаби Тел Авив – Вилјареал 1:1
Карабаг – Сиваспор 2:3
ГРУПА Ј
ЛАСК Линц – Антверпен 0:2
ГРУПА К
ЦСКА Москва – Феенорд 0:0
Волфсбергер – Динамо Загреб 0:3
ГРУПА Л
Гент – Црвена звезда 0:2
Слован Либерец – Хофенхајм 0:2
ЛИЛ – МИЛАН
МОЛДЕ – АРСЕНАЛ
ГЕНТ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
ВОЛФСБЕРГЕР – ДИНАМО ЗАГРЕБ
ЛИБЕРЕЦ – ХОФЕНХАЈМ
МАКАБИ ТЕЛ АВИВ – ВИЛЈАРЕАЛ
БРАГА – ЛЕСТЕР
СПАРТА – СЕЛТИК
ЦСКА МОСКВА – ФЕЕНОРД