Напаѓачот на Милан Рафаел Леао на својот поранешен клуб Спортинг од Лисабон ќе мора да му исплати да име компензација 16,5 милиони евра.
Бразилецот потекнува од школата на Спортинг, откако ги минал сите младински категории тој го потпишал првиот професионален договор со „Лавовите од Лисабон“.
Летото во 2018 година побарал да го раскине договорот и се преселил во Лил. Пред две години во Спортинг се случи голем скандал, кога навивачи во тренинг центарот им се заканувале на играчите и тренерите.
Поради тоа Леао и уште неколку други фудбалери, меѓу кои голманот Руи Патрисио и Желсон Мартинс, побарале да ги раскинат договорите.
Спортинг одбил да му ја исполни желбата, ни Леао решил да замине во Лил за 23 милиони евра.
Португалскиот клуб побарал од надлежните компензација бидејќи барањето за раскин на договорот не било валидно.
Спортинг побарале надомест од 16,5 милиони евра. Според Судот за спортска арбитража Леао ќе мора да му ја исплати оваа сума на својот поранешен клуб.