Top Sport

Леао не сака да продолжи со Милан

Рафаел Леао не ја прифаќа последната понуда на Милан за продолжување на договорот, тврди „Калчомеркато“, по што е многу веројатно Португалецот да биде продаден.

Тренерот Стефано Пиоли неочекувано го остави Леао на клупата при засрамувачкиот 2:5 пораз од Сасуоло, иако влезе во второто плувреме, зголемувајќи ги шпекулациите за конфликт во тимот.

Последната понуда на „росонерите“ од 7 милиони евра годишна плата, нешто што не го импресионирало Леао, најмногу поради долгот кој тој го има кон претходниот клуб Спортинг Лисабон, но и поради лошата форма во која се наоѓа актуелниот италијански шампион. За Леао се заинтересирани повеќе премиерлигаши.

Scroll to Top