Рафаел Леао (23) e на добар пат да стане еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот. Португалецот придонесе Милан по 11 години да ја врати титулата на „Сан Сиро“, поради што го привлече интересот на богатите клубови.
Челси беа упорни да го донесат во Лондон. Сепак Милан ги одби сите понуди. Се шпекулира дека последната понуда изнесувала 120.000.000 евра.
Сите во Милан, тргнувајќи од спортскиот директор Паоло Малдини, се свесни дека мора да му понудат нов договор на Леао. Менаџерот на Леао и клубот преговараат неколку месец, но двете страни страни биле далеку од постигнување на договор.
Леао бара пет пати поголема плата. Тој сега заработува 1.500.000 евра годишно, за да остане клубот ќе мора да му понуди 7.500.000 евра по сезона.
Неговиот актуелен договор е со важност до летото 2024 година, што значи дека Милан нема многу време бидејќи би било опасно да ја чека последната година од договорот.
Засега клубот бил подготвен да издвои 5.000.000 евра за платата на Леао.